ПОПОВСКИ, Лазар

ПОПОВСКИ, Лазар (Скопје, 18. Ⅴ 1975) – економист, кајакар на диви води. Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје (1993), магистрирал во САД (2003). Тој е член на КК „Илинден 90“ во Скопје и државен првак деветпати во К-1 кајак на диви води. На балканските првенства во Скопје (1995 и 2000) освоил прво место, а на Европското првенство (2004) шесто место во 3 Х К-1. Го освоил првото место на ИКАС во Скопје (2004). Настапувал на четири олимписки игри (1992 – 2004), на Светското првенство (1997) и на други натпревари. Бил избран за најдобар спортист на Македонија (1999). Д. С.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *