ПОПОВСКИ-МАКСЕ, Панче

ПОПОВСКИ-МАКСЕ, Панче
(Гостивар, 1924 – Дебар, август 1944) – учесник во НОБ. Бил припадник на работничкото и комунистичкото движење. член на КПЈ (1941) и секретар на МК на КПЈ во Гостивар (1942). Се истакнал во подготовките за формирањето на партизански одреди. Бил борец на Првата македонска НОУ бригада (1943). Херојски загинал во борбите за Ослободувањето на Дебар (1944).
ЛИТ.: Гостивар и Гостиварско во НОБ, 1941–1944, Гостивар, 1974. Вл. Ив.

Елисие
Поповски
-Марко

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *