ПОПОВСКИ-МАРКО, Елисие

ПОПОВСКИ-МАРКО, Елисие
(Маврово, 16. ⅩⅠⅠ 1907 – Скопје, 1972) – шпански борец, учесник во НОВМ. Како припадник на прогресивното работничко движење (1934) бил член на КПЈ (1936), доброволец во шпанската граѓанска војна во 129-та интернационална бригада (1937–1939), по што бил во логорот за шпанските доброволци во Франција (1939– 1941). Во НОВЈ (1941) бил командант на Топличкиот НОПО и заменик политички комесар на Озренскиот НОПО. Бил политички комесар на Првата оперативна зона на НОВ и ПОМ (1943) и член на ГШ на НОВ и ПОМ. Водел преговори со Германската команда од Струга во Ботунската теснина меѓу Ботун и Струга за размена на германски заробеници за политички затвореници, припадници на НОАВМ (Ⅺ 1943). Бил учесник на Првото заседание на АСНОМ (1944). По Ослободувањето бил на разни политички должности. Носител на Партизанска споменица 1941.

ЛИТ.: ДАРМ – Скопје, ракописна биографија, ф. „Биографии“. Вл. Ив.

Филимена Попоска

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *