ПОПОВСКИ-МАЈКА, Методија

ПОПОВСКИ-МАЈКА, Методија
(Прилеп, 4. Ⅴ 1909 – Скопје, 2. И 1987) – легендарен командант од НОАВМ. Како активист на Народната помош, се вклучил во НОД и НОБ (1941), поради што бил уапсен и интерниран (19421943), а по враќањето заминал партизан (септември 1943), станал член на КПМ (декември 1943) и бил заменик командир на чета, командант на НО (прилепски) баталјон „Мирче Ацев“, командант на Втората и на Петтата македонска НО бригада (2. Ⅷ 1944 – средината на октомври 1944) и командант на Кумановската дивизија на НОВЈ. Бил делегат на Првото заседание на АСНОМ. По Ослободувањето бил офицер на ЈНА, а потоа демобилизиран во чин мајор (1949) и бил началник на Народната милиција на НРМ. Носител е на Партизанска споменица 1941.
ЛИТ.: Втора македонска ударна бригада. Сеќавања и документи, Скопје, 1973; Прилеп и Прилепско во НОВ 1943 година.Материјали од научниот собир одржан на 21, 22 и 23 март 1979 година, Скопје, 1981; Ум-ре Методија Поповски-Мајка, „Нова Македонија“, Скопје, 5. И 1987, 3. С. Мл.
Панче
Поповски
-Максе

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *