ПОПОВСКИ, Панде

ПОПОВСКИ, Панде (Царев Двор, Преспа, 20. Ⅹ 1912 – Скопје,
15. Ⅶ 1987) – еден од основоположниците на македонското новинарство. Завршил Теолошки факултет (Белград) и Филозофски факултет (Скопје). Во италијанско-албанската окупација политички затвореник (од 1942) во затворите во Корча, Подградец, Елбасан и Тирана и во логорот Порто Романа, протеран и интерниран во Бугарија. Член на АГИТПРОП на Главниот штаб на НОВ и ПОМ во Г. Врановци (1944). Еден од основачите на Радио Скопје каде го минал целиот работен век (1945-1978). Има огромни заслуги за развојот на Радио Скопје и радио-репортажата, посебно со своите радио-емисии кај нашите иселеници во странство. Публицистички трудови: „Последниот табор“ и „Суровата вистина“. Б. П. Ѓ.

Петар Поповски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *