ПОПОВСКИ, Јован

ПОПОВСКИ, Јован (с. Вевчани, Струга, 26. Ⅸ 1916) – новинар, раскажувач, романсиер. Работел како новинар-уредник на белградска „Политика“ за Македонија. Член е на ДПМ од 1972 г.
ДЕЛА: романи: Една младост (романизирана биографија, 1969), На татковски начин (1970), Дневникот на Страшо Пинџур (1972), Вердан (1986), Зловреме (1989), Човек од првиот чин на историјата (романизирана биографија, 1993), Логорска романса (1994), Желник – на далгите на животот (автобиографија, 1996), Сами (1996), Годините на камшикот (2003); збирки раскази: Август (1979) и Поганици (1989); Самоубиство на Претседателот на Република Македонија, Записи (2000), Разговори со Колишевски (2006); Градчето на Дрим (2006); Непокорните (2007); Моето новинарство (2007); Кли
мент – епископ Велички (2008) ЛИТ.: Миодраг Друговац, Историја на македонската книжевност ⅩⅩ век
(1990). В. М.-Ч.

Кирил Поповски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *