ПОПОВ, Благој Саздов

ПОПОВ, Благој Саздов (Кочани,
17. И 1923) – редовен член на МАНУ од нејзиното формирање (1967), ред. проф. на ПМФ (од 1963). Дипломирал (1946) на Филозофскиот факултет во Бел-град. Бил избран за асистент (1948), а потоа за универзитетски предавач на Филозофскиот факултет во Скопје (1949), каде што го положил докторскиот испит (1952) на темата „Формирање критериуми за редуктибилност на некои класи линеарни диференцијални равенки“, како прв доктор на Универзитетот во Скопје. Во 1953 е доцент, во 1958 е вонреден професор, а во 1963 г. е редовен професор. Бил декан на ПМФ (1958-63 и 1985–87) и на Математичкиот факултет (1976–78), ректор (1967-69) на Универзитетот во Скопје. Во 1967 е избран меѓу првите 14 членови на МАНУ; имал високи функции во Академијата. Член е на Меѓународната астронаутичка академија во Париз (од 1982) и член на Њујоршката академија на науките, САД (од 1983). Научната активност му е во областа на диференцијалните равенки и специјалните функции. Научните трудови му се публикувани во домашни и реномирани странски списанија. Учествувал со свои трудови на неколку меѓународни конгреси на математичарите и на низа други научни собири низ светот. Има извонредно богата стручна и општествена активност на ниво на РМ и на СФРЈ. Референт е во списанијата „Матхематицал Ревиењс“ и „Матхематисцхе Зентралблатт“ и член на редакциите на повеќе списанија издавани во Македонија и во други земји. Има големи заслуги за формирањето на математичкиот кадар и за развојот на математичките науки во РМ.
БИБЛ.: Он Ултраспхерицал Полѕномиалс, „Боллетино делла Унионе математица Италиана“, Фирензе, 14, Серие 3, Но. 1, 1959, 105-108; Сур лес фонцтионс де Легендре ассоциèес, Цомптес рендус
дес цианцес де л’Ацадемие дес сцианцес, Парис, 248, 1959, 912-914; Цлассе де полѕномес ассоциèс ауџ полѕномес ассоциèс де Јацоби, Цомптес рендус дес сцианцес де л’Ацадемие дес сцианцес, 274, 1972, 972-973; А Цласс оф Полѕномиалс Цоннецтед њитх Ортхогонал Цлассицал Полѕномиалс, „Тенсор“ – Цхигасаки, 26, 1972, 66-68; Соме Дефините Интегралс инволвинг ин тхе Студѕ оф Јацоби анд Лагуерре Полѕномиалс, „Тенсор“, Цхигасаки, 39, 1982.
ЛИТ.: 60 години на Професорот Благој Попов, Год. зб. на Математичкиот факултет, 33-34, 1982-1983, 9-17; Развој и состојба на математичките науки во СР Македонија, МАНУ, 1987; ПМФ-Скопје 19462006, монографија, Скопје, 2006; Природно-математички факултет – Скопје 1946–1996, Скопје, 1996, стр. 118; 60 години Природно-математички факултет – Скопје, Скопје, 2006, стр. 116. Н. Ц.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *