ПОПОВ, Бранко

ПОПОВ, Бранко (Вратница, Тетовско, 1940) – редовен професор на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, научник. Дипломирал на Технолошкиот оддел на Техничкиот факултет во Скопје (1964). Магистрирал на Универзитетот во Урбана, Илиноис, САД, а докторирал на Универзитетот во Загреб (1973). На Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје е од 1965, а како редовен професор е од 1982 г. Бил декан на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје. Кариерата ја продолжува во САД, како истражувач и професор, најдолго на Универзитетот во Колумбија, Јужна Каролина (од 1991). Подрачја: физичка хемија, електрохемија во водени средини и растопи, превлеки и хемиски извори на струја. Автор е на книги, научни трудови и на многубројни научноистражувачки и апликативни проекти.
ЛИТ.: „Билтен УКИМ“, од 21. Ⅴ 1986 г.; 40 години Технолошко-металуршки факултет – Скопје, монографија, ТМФ Скопје, 2000 г., стр. 111. Св. Х. Ј.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *