ПОПСТЕФАНОВ, Лазар

ПОПСТЕФАНОВ, Лазар (Банско, 1897 – Источен фронт, СССР, 1941) – полковник во Црвената армија. Завршил гимназија и учествувал во Првата светска војна (19161918) и во Септемвриското востание (1923). Емигрант во Кралството на СХС, каде што го завршил Правниот факултет. Заминал во Советскиот Сојуз и во Москва ја завршил Воената академија „Фрундзе“. При нападот на нацистичка Германија на Советскиот Сојуз бил
началник на штабот на дивизија.
Загинал на фронтот.
ЛИТ.: БезсмÍртните 1922/1944, зб.: Загинали в борба против капитализма и фашизма от Благоевградски окрÍг, София,

1971. В. Јот. ПОПСТОИЛОВ, Антон (с. Лешко, Горноџумајско 15. Ⅱ 1869 – Софија, 9. Ⅷ 1928) – фолклорист, етнограф, учител, литературен историчар. Потекнува од свештеничко семејство. Ги завршил Солунската машка гимназија (1890) и Софиското вишо училиште (1897). Бил учител или директор во гимназиите во Прилеп, Битола, Сер, Солун, Одрин и др. места. Бил главен егзархиски инспектор во Цариград (1910–1913), а потоа уредник и директор на Етнографскиот музеј во Софија (1913– 1928). Во Софија објавил две збирки со народни песни од Македонија, првата во 1894 („Битови песни“) и втората во 1895 г. („Песни од политичкиот живот“). Објавил и две книшки: „Б’лгарски книжовници от Македонија“ (Софија, И, 1922, и Ⅱ, 1928), два тома: „Показалец на печатените народни песни“ (Софија, И, 1916 и Ⅱ, 1918) и поголем број статии и студии од областа на фолклорот, јазикот и литературата.
ЛИТ.: Антон П. Стоилов, Македонски народни песни. Редакција д-р Марко Китевски, Скопје, 1990; Антон П. Стоилов, Македонски народни умотворби. Составил и редактирал д-р Марко Китевски, Скопје, 2000; Кирил Пенушлиски, Македонски фолклор, историски преглед, Скопје, 1999; „Известия на Народния Етнографски музеŸ“, София, кн. 8–9, 1929; Енциклопедия Пирински краŸ, Ⅱ, Благоевград, 1999, 141. М. Кит.

Владимир
Поптомов

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *