ПОПЈОРДАНОВ, Јордан

ПОПЈОРДАНОВ, Јордан (Орцето) Ѓошев (Велес, 1881 – Солун,
30. Ⅳ 1903) – гемиџија, водач на солунскиот заговорнички кружок Гемиџии, брат на војводата на ТМОРО Миле Попјорданов. Се школувал во Солунската егзархиска гимназија, каде што ги прифатил анархистичките погледи за удирање на европските економски интереси во Османлиската Империја. Ги одржувал врските со странство и располагал со финансиите на гемиџиите. Учествувал во солунските атентати (28
30. Ⅳ 1903) на Отоманската банка во Солун (15/29. Ⅳ 1903). Бидејќи било планирано да загине, си го осигурал животот на 10.000 франци со завештание парите да му би-

Јордан (Орцето) Попјорданов со сомислениците
-сцена од филмот „Солунските атентатори“
дат предадени на Борис Сарафов како враќање на долгот што тој им го дал за потребите на кружокот. Бидејќи неочекувано останал жив, во гнев започнал да фр-ла бомби од балконот на својата куќа кон присутните заптии отспротива (30. Ⅳ 1903). Откако навлекол на себе цел одред османлиска војска, се самоубил, а парите од осигурувањето биле исплатени на Б. Сарафов.
ЛИТ.: (Ѓ. Абаџиев), Македонски возрожденци и револуционери. Албум, Скопје, 1950, 60; Јован Бошковски, Солунските атентатори (роман), Скопје, 1962; Д-р Крсте Битоски, Солунските атентати 1903, Скопје, 1985; Јован Павловски, Гемиџиите, Скопје, 1997. С. Мл.
Миле Ѓошев
Попјорданов

(цртеж на Перо Коробар)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *