ПОРЕЧКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД

ПОРЕЧКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД (кај Македонски Брод, јули 1944 – с. Челопеци, Кичевско, 12. Ⅸ 1944) – партизанска единица на НОВ и ПОМ. Веднаш по формирањето дејствувал во Порече, главно во воспоставувањето на народната власт, формирањето на НОО, агитацијата и афирмацијата на целите на НОАВМ меѓу месното население, разобличувањето на четничкото движење (под раководство на В. Трбиќ) и мобилизацијата на нови борци. Влегол во составот на Петнаесеттата македонска (поречка) НО бригада.
ЛИТ.: Милан Ристески, Порече низ историјата, Скопје, 1982; Дане Петковски-Владо Стрезовски, Борбена дејства у Западној Македонији 1941–1944, Ратна прошлост народа и народности Југославије, књ. 76, Београд, 1983, 248–249. С. Мл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *