ПОСЛАНИЕ ДО ФИЛИПЈАНИТЕ

ПОСЛАНИЕ ДО ФИЛИПЈАНИТЕ – дел од Библијата, напишано од апостолот Павле од затворот во Рим (63 г.) и испратено до христијанската општина во Филипи. Се состои од 4 глави во кои се изразува христијанска љубов, нагласувајќи го нивното човекољубие, добродушност и приврзаност кон христијанството. Тој

Реката Луда Мара, Кавадарци Останки од античкиот град Филипи
им се заблагодарува за материјалната поткрепа и доброчинствата при неговиот тамошен престој, ги повикува на истрајна молитва и ги смета на себе рамни по честа. Тоа е составен дел на „Новиот завет“.
ИЗВ.:Свето писмо на Стариот и на Но
виот завет, второ издание, Скопје, 1991. ЛИТ.: Ѓ. Поп-Атанасов, Библијата за Македонија и за Македонците, Скопје, 1995;
И. Велев, Византиско-македонски книжевни врски, Скопје 2005. К. М.-Р.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *