ПОТКОШУЛАЈКА

ПОТКОШУЛАЈКА – долна облека што се носела непосредно на телото. Се изработувала од конопно или памучно платно или пак била мелеска, со основа од памук, а јаток од коноп. Тоа е всушност покуса и потенка кошула од горната кошула. Составена е од еден предник, задник и од два ребрењака од секоја страна и е со покуси ракави од кошулата. Ј. Р. П.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *