ПОШУМУВАЊЕТО ВО РМ

ПОШУМУВАЊЕТО ВО РМ. Пошумување значи подигање шумски култури на голи терени. Во РМ се смета на околу 380 000 ха голини. Најстарите шумски култури се наоѓаат во Крушино близу Кичево и се состојат од црн и бел бор на површина околу 300400 ха. Подигнати се во 1927–1930
г. Истовремено се подигнати и црноборови култури на шаторов Камен близу Прилеп. Пошумувањата биле поинтензивни по Втората светска војна заради спречување на порои и поплави, како и за оформување полезаштитни појаси. За таа цел се извршени пошумувања на Водно, на сливот на Брегалница, на подрачјата на Крива Паланка, Облаковска Коса, потоа во Светиниколско, а истовремено се подигнати и полезаштитни појаси во Овче Поле и Пелагонија. За да се облагороди просторот, покрај автопатот се подигнати шумски култури кај Криволак и близу Демир Капија (Гоцева Гора). Во 70-тите години се започнати обемни пошумувања во Свиларе, Скопско, Велешко, Битолско. Се смета дека до 2000 г. се пошумени околу 200.000 ха. Иако пошумувањата с¢ уште се актуелни, сепак приоритетни се проредите, чистењата и заштитата на културите. Р. Р.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *