ПОЉОСКА, Агим Џафер

ПОЉОСКА, Агим Џафер (Агим Џхафер Полоска) (с. Долно Нерези, Скопско, 7. Ⅱ 1954) – преведувач, унив. професор. Основно училиште и учителска школа завршил во Скопје. Дипломирал (1976) на Катедрата за албански

Агим
Пољоска

јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. По дипломирањето краток период (1977) работел како лектор во Радио Скопје, во емисиите на албански јазик. Истата година бил избран за помлад асистент, а потоа и за асистент по предметите современ албански јазик и теорија на преводот на Катедрата за албански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. Магистрирал на истиот факултет на тема „Лексичка интерференција на македонскиот и албанскиот дијалект во Преспа“ (1986). Докторирал на тема „Лексичка интерференција на македонскиот и албанскиот дијалектен јазик“ (1996). Избран е за доцент (1997). Во 2001
г. станал вонреден, а во 2006 г. редовен професор по предметите специјален курс по албански јазик и општа лингвистика 2 – контрастивна анализа на јазиците, на постдипломските студии на Филолошкиот факултет во Скопје. Покрај наставата, активно е вклучен во неколку научноистражувачки проекти за проучување на јазикот, етнокултурата и народното творештво на Албанците во Македонија. Учествувал на неколку научни собири, семинари и симпозиуми во земјата и во странство. Преведува од македонски на албански јазик и обратно. Има објавено повеќе од 200 научни трудови и прилози од областа на јазикот, социолингвистиката, културното наследство и преведувањето.
БИБЛ.: Лексичка интерференција на македонскиот и албанскиот дијалектен ја
зик, Скопје, 1998; Мозаику гјухшсор, Схкуп, 2001; Интерпретиме лингуистике, Схкуп, 2002; Лексику диалектор нш регјионин е Преспшс, Схкуп, 2004; Прилог кон проучувањето на македонско-албанските јазични контакти,
Скопје, 2005; Култура е тш схпрехурит, Схкуп, 2007.
ЛИТ.: Билтен на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, 783, 16. Ⅶ, 2001; 13, 3. Ⅲ 2006. Н.С.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *