ПРАВОПИС НА МАКЕДОНСКИОТ ЛИТЕРАТУРЕН ЈАЗИК

ПРАВОПИС НА МАКЕДОНСКИОТ ЛИТЕРАТУРЕН ЈАЗИК. Во ⅩⅠⅩ в. се појавиле неколку обиди за кодификација на македонскиот јазик, а првата полна кодификација ја направил К. П. Мисирков во книгата „За македонцките работи“ (Софија, 1903), каде што ги изнел принципите за содавањето на македонскиот литературен јазик и правопис. Во книгата и во сп. „Вардар“ (1905) и практично ги реализирал своите погледи, во согласност и со Програмата на Македонското научнолитературно другарство во С.-Петербург.
Првиот предлог за државни „времени правила“ за македонскиот литературен јазик бил разгледуван на И заседание на АСНОМ (2. Ⅷ 1944) во дискусиите за јазикот и за правописот. По Ослободувањето биле формирани неколку комисии и најпосле Министерството за народна просвета, по предлог на Комисијата за јазик и правопис, донело две решенија: првото за усвојување на македонската азбука (3. Ⅴ 1945) и второто, за усвојување на македонскиот правопис (7. Ⅵ 1945). Комисијата за јазик и правопис својата работа ја поставила на следниве принципи што наполно се совпаѓаат со трите принципа што ги постави К.
П. Мисирков во 1903 г.: 1. како основа за македонскиот литературен јазик да се земат централните македонски говори, 2. речникот на литературниот јазик да се збогатува од сите македонски дијалекти и 3. македонската азбука треба да има толку букви колку што има гласови во литературниот јазик, а правописот да биде изграден врз фонетскиот принцип.
Сепак, во првиот правопис се прифатиле и некои црти од велешкиот говор (на пр., кај глаголите, формите на -уе: кажуе, купуе), па во 1948 г. се извршени првите измени и дополнувања на правописот (глаголската наставка -уе се заменува со -ува).
Во повеќедеценискиот слободен развој на македонската држава се појавија неколку стереотипни изданија на македонскиот правопис: „Македонски правопис со правописен речник“ од Блаже Конески и Крум Тошев (1950); „Правопис на македонскиот литературен јазик“ (1969) од Божидар Видоески, Тодор Димитровски, Кирил Конески, Крум Тошев и Рада Угринова-Скаловска; „Правопис на македонскиот литературен јазик со правописен речник“ (1970) од
Б. Видоески, Т. Димитровски, К. Конески, Кр. Тошев и Р. Угрино

ва-Скаловска. Поголеми измени Православниот богословски факултет во Скопје на правописот се направени во изданието од 1999 г. („Правописот
Македонската православна црква суштина. Православните верници на македонскиот литературен ја
за да подготвува високообразова-живеат и практикуваат седум свезик, издание со изменет и допол
ни и стручни кадри за потребите ти тајни: крштение, миропомазанет текст“ од Б. Видоески, Т. Ди
на Црквата и на општеството и за ние, исповед, причест, брак, свешмитровски, К. Конески, Р. Угри
изучување и унапредување на пра-тенство и маслосвет. Кон нив се
нова-Скаловска, под редакција на вославните богословски стручни и додава и молитвата, поклонува-

Т. Димитровски), а во истата го

њето на крстот, моштите на сведина се појави и одделен „Право
научни дисциплини. Функцијата ја

тителите и на светите места, погрижа на Светиот архијерејски си
врши под непосреден надзор и

читувањето на иконите и на свенод на МПЦ, на надлежниот архи
тителите, почитувањето на подјереј и на државата. Факултетот
вижните и на неподвижните празработи според програма слична со
ници и др. Основата на православпрограмите на високообразовни
ното христијанство е воскресените институции на другите правос
ето на Исус Христос и верата во лавни цркви. Право да студира на
бесмртноста на човекот. Средишовој Факултет има секој правосла
те на православното богослужевен граѓанин, без оглед на негова
ње е Светата литургија. Денес та народност и државјанство. Со
постојат повеќе помесни правосодобрение на Архиепископот Ох
лавни цркви, меѓу кои е и Макеридски и Македонски, слушатели
донската православна црква.

Новото издание на Правопис на македонскиот литературен јазик (1999)
писен речник на македонскиот литературен јазик“ од К. Конески. Во овие изданија се одразени промените што се случија во целокупниот општествен живот, кои имаа одраз и врз развојот на македонскиот стандарден јазик.
ЛИТ.: Бл. Конески, Историја на македонскиот јазик, Скопје, 1965; истиот, Граматика на македонскиот литературен јазик, Скопје, 1952; Бл. Ристовски, Крсте П. Мисирков (1874-1926)…, Скопје, 1966; истиот, Сознајби за јазикот, литературата и нацијата, МАНУ, 2001; Тр. Стаматоски, Борба за македонски литературен јазик, Скопје, 1986. Г. Цв.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *