ПРАШУМА ВО МАКЕДОНИЈА

ПРАШУМА ВО МАКЕДОНИЈА – природна шума исклучена од стопански активности што не е загрозена од загадување.
По Втората светска војна во РМ насади со прашумски карактер се наоѓаа во тешко достапните терени на Беласица, Кожуф, Караорман, Плачковица и други и врз база на тие дрвни маси е планирана дрвната индустрија. Една чиста букова шума со прашумски карактер на Осоговската Планина останала недопрена. Таа се наоѓа во сливот на Злетовска Река, меѓу 1473 и 1600 м надморска висина, во пределите Мртвица и Емиричка шума. Геолошката подлога е гнајс, длабока е до 60 цм, кисела рН=4,3-5,8. шумата зафаќа 458 ха и е детално проучена по надморски височини од Ц. Ивановски (1978). Нејзината возраст е 140– 160 години и има 450–700 стебла на 1 ха. Висока е 28–30 м и дебела 24–44 цм. Дрвната маса изнесува 557–772 м 3/ха. Во шумата нема об-нова што според сфаќањето на Лајбунгуд (швајцарски одгледувач на шуми) прашумата се наоѓа во оптимална фаза на развој. Р. Р.
ПРВ КОСОВСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН БАТАЛЈОН „РАМИЗ САДИКУ“ (с. Извор, Кичевско, 26. Ⅸ 1943 –с. Сливово, Охридско, 1. Ⅺ 1943) – воена единица на НОВ и ПОЈ. Баталјонот е формиран од политич

Прашума во Македонија
ки затвореници од Косово во логорот Герман (кај Бурела, Тирана). Откако воспоставиле врски со албанските партизани во околината (јуни 1943), по капитулацијата на Италија, 150 политички затвореници, организирани во баталјон, со избрано раководство, но со само две пушки, пристигнале во слободниот Дебар. На официјалното формирање во с. Извор делегатот на ЦК на КПЈ и на ГШ на НОВ и ПОЈ Светозар Вукмановиќ – Темпо го именувал како Прв косовски народноослободителен баталјон „Рамиз Садику“. По брзото вооружување на територијата на Македонија, заедно со шиптарскиот народноослободителен баталјон и Македонскиот народноослободителен баталјон „Мирче Ацев“, воделе жестока борба против германските и балистичките сили кај кичевското с. Брждани (5. Џ), а потоа кај кичевските села Извор, Кленовец, Малкоец и Подвис (6. Џ), со големи обострани загуби. Баталјонот се истакнал и во борбите за Ослободувањето на Кичево (1. Ⅺ), а потоа ги продолжил борбите против балистичките и германските сили на пл. Буковик (2–6. Ⅺ). При формирањето, влегол во составот на Првата македонско-косовска народноослободителна ударна бригада.
ЛИТ.: Д-р Велимир Брезовски, Ослободителната војна во Македонија во 1943, Скопје, 1971; Гоце Митевски, Првото ослободување на Кичево и борбата за одбрана на градот, Слободните територии во Македонија, Скопје, 1975, 239-253. С. Мл.
ПРВ КУМАНОВСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН БАТАЛЈОН „ЈОРДАН НИКОЛОВ-ОРЦЕ“ (с. Пелинце, Кумановско, 1. ⅩⅠⅠ 1943 – с. Жегљане, Кумановско, 26. Ⅱ 1944) – воена

Борбениот пат на Првиот кумановски народноослободителен баталјон „Јордан Николов-Орце“
единица на НОВ и ПОМ. Бил формиран од 116 борци на Скопско-кумановскиот НОПО и новопристигнати борци. Водел борби против четничките сили во Козјачијата и кај с. Дренак (10. ⅩⅠⅠ), вршел диверзии на пругата Врање-Куманово-Романовце, водел успешни борби со бугарската војска и полиција во Кратовско (26 и 27. ⅩⅠⅠ), кај с. Пелинце, Кумановско (13. И 1944), кај с. Билјача, Прешевско (7. Ⅱ) и др. Бидејќи нараснал на околу 250 борци, од неговиот состав и од новопристигнати борци бил формиран новиот Втори кумановски НО баталјон „Христијан Тодоровски-Карпош“ (с. Бајловце, 22. Ⅱ 1944). При формирањето на Третата НОУБ влегол во нејзиниот состав.
ИЗВ.: Куманово и Кумановско во НОВ
1941-1945. Документи, Куманово, 1988. ЛИТ.: Спомен-зборник на загинатите борци од НОВ и жртви на фашистичкиот терор од Куманово и Кумановско 1941–1945, Куманово, 1976, 177–178. С. Мл.
ПРВ ЦРКОВНО-НАРОДЕН СОБОР (Скопје, 4. Ⅲ 1945) – одржан со учество на над 300 делегати – свештеници и мирајни и поздравен од Претседателот на Президиумот на АСНОМ Методија Андонов–Ченто. Соборот донесол Резолуција да се возобнови Охридската архиепископија како самостојна Македонска црква; да не биде потчинета на никоја друга помесна национална црква, а Црквата да има свои народни епископи и народно свештенство за да се запазат карактерните особености на македонскиот народ.
ЛИТ.: Доне Илиевски, Македонското православно свештенство во борба за национална и црковна слобода, Скопје, 1987; истиот, Автокефалноста на Македонската православна црква, Скопје, 1972; Ратомир Грозданоски, Стефан Архиепископ Охридски и Македонски,
Скопје, 2000. Рат. Гр.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *