ПРВА БАЛКАНСКА ВОЈНА

ПРВА БАЛКАНСКА ВОЈНА
(октомври 1912 – мај 1913) – војна меѓу државите од Балканскиот сојуз (Србија, Бугарија, Црна Гора и Грција) и Турција за нејзините балкански владенија, при што дошле до израз нивните завојувачки претензии кон Македонија. Договарајќи се за нејзината поделба, Бугарија и Србија потпишале и таен анекс, со кој територијата на Македонија ја прогласиле за „спорна“, за која, како арбитер, треба да реши рускиот цар. Двете завојувани страни мобилизирале по околу 720.000 војници. Непосреден повод за војната бил крвавиот терор на османлиските власти во Македонија. Воените операции прва ги започнала Црна Гора (8. Џ), потоа Србија и Бугарија (17. Џ) и Грција (18. Џ). По жестоките битки на српската војска кај Куманово (23–24. Џ) и Битола (16–18. Ⅺ), сојузничките сили влегле во Солун
(27. Ⅹ 1912). Во составот на воените сили на државите од Балканскиот сојуз учествувале и голем број Македонци, со надеж дека христијанските соседни држави ќе им ја дозволат очекуваната слобода. Во редовите на т.н. Македонскоодринско ополчение во рамките на Бугарската армија војувале околу
15.000 Македонци, но пратени на Тракискиот фронт. И во редовите на српската и грчката војска активно учествувале голем број Македонци, а дејствувале и 78 организирани македонски чети со 2.000 комити кои ги помагале сојузничките војски во Македонија. Особено активна била четата од 500 четници на Јане Сандански. Тој на приемот во заземениот Солун наздравил за автономна Македонија, што предизвикало голем револт и закани од бугарските офицери. Како претставник на Македонската колонија во Петроград, во
Македонија пристигнал и Димитрија Чуповски (декември 1912). На организираната Општомакедонска конференција во Велес, со учество и на Петар Попарсов, Алексо Мартулков, Ризо Ризов и други претставници од разни краишта на Македонија, била разгледана настанатата состојба и неопходните патишта за создавање независна македонска држава. Конференцијата му дала полномошно на Д. Чуповски преку Македонската колонија во Петроград да го застапува македонскиот народ пред меѓународната јавност и било предвидено тој и П. Попарсов да заминат во Париз и Лондон. За таа цел во Петроград била објавена Карта на Македонија од
Д. Д. Чуповски и заедно со „Меморандумот за независноста на Македонија“ (од 1. Ⅲ 1913) биле испратени до англискиот министер за надворешни работи и до амбасадорите на големите сили во Лондон. Исто така, биле објавени и повеќе статии во печатот, со бројни настапи на Македонците на масовни јавни собири во одбрана на слободата, целоста и независноста на Македонија и македонскиот народ. Било покренато и списанието „МакедонскиŸ голосÍ“ („Македонски глас“) (7. Ⅵ 1913), а била напечатена и книшката на Наце Димов „Македонија во минатото, сегашноста и иднината“ (1913). Поразената Османлиска држава била принудена да ги прифати мировните договори во Лондон (4. ⅩⅠⅠ 1912 и 31. Ⅴ 11913), но сојузниците не отстапувале од својот план за поделба на Македонија, околу што посебно се вжештил српско-бугарскиот спор. Не дочекувајќи ја арбитражата на рускиот цар, биле направени сите подготовки за нов, сега меѓусојузнички судир. Така започнала

Влегување на српската војска во Куманово (1912)
Втората балканска војна со напад на бугарската војска против српската кај реката Брегалница и против грчката војска кај Кукуш (30. Ⅵ 1913).
ЛИТ.: Ѓорѓи Абаџиев, Балканските војни и Македонија, Скопје, 1958; Д-р Петар Стојанов, Тројната поделба на Македонија, Скопје, 1968; истиот, Македонија во времето на Балканските и Првата светска војна (1912–1918), Скопје, 1969; Делбите на Македонија (1912–1944), Скопје, 1972. С. Мл.
дата (Битола, 22. Ⅺ 1944). Бригадата ги разбила балистите во с. Острец (Битолско, 4/5. ⅩⅠⅠ) и ги ликвидирала со гонење (6 и 8. ⅩⅠⅠ). Подоцна била упатена кон Полог (3. И 1945) за ликвидирање на заостанатите балистички сили и по тридневен марш стигнала во Гостивар (6. И). Младинската организација на бригадата избрала 5 делегати и тие учествувале во работата на Вториот конгрес на

Делегатите на Првата балканска социјалдемократска конференција (Белград, 7. Ⅸ 1910)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *