ПРВА БАЛКАНСКА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКА КОНФЕРЕНЦИЈА

ПРВА БАЛКАНСКА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКА КОНФЕРЕНЦИЈА (Белград, 7. Ⅸ 1910) – собир на балканските социјалдемократски партии. На Конференцијата бил заземен став за дејствување за создавање Балканска Федерација врз основа на национална рамноправност и локална самоуправа. Македонскиот делегат (на македонски јазик) го осудил мешањето на големите сили и балканската буржоазија.
ЛИТ.: Работничкото и комунистичкото движење во Македонија, Скопје, 1970;
Хронологија радничког покрета и СКЈ 1919– 1989, Београд, 1980. О. Ив.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *