ПРВА МАКЕДОНСКА ЕГЕЈСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА УДАРНА БРИГАДА

ПРВА МАКЕДОНСКА ЕГЕЈСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА УДАРНА БРИГАДА
(Градскиот стадион во Битола, 18. Ⅺ 1944 – 2. Ⅳ 1945) – воена единица на НОВ и ПОМ. Била формирана од дел од македонските воени единици што се одделиле од ЕЛАС и од дел од Македонската НО бригада „Гоце Делчев“. Формациски била поделена на Костурски, Лерински, Воденски и Придружен баталјон со тешкото вооружување. По формирањето на организации на КПМ во оддел-НОМСМ (Скопје, 6-8. И). Во По-лог стационарно се поделила на неколку дела: во Гостивар, во с Врапчиште и Баница (Гостиварско) и во Тетово. Во двомесечните акции на просторот од с. Зајас (Кичевско) до Полог и кон шар Планина биле ликвидирани над 400 балисти и нивни соработници (јануари-февруари). Од новопристигнатите борци биле формирани уште два баталјона и потоа била преместена во Скопје (почетокот на март), поделена на два ешалона (7. Ⅲ): првиот ешалон преместен во Гевгелија, а вториот во Битола и потоа расформирани
(2. Ⅳ 1945), а борците прераспределени во други воени единици.
ИЗВ.: ДАРМ, Збирка „Егејска Македонија во НОВ 1941-1945“, а.е. 278, 287, 290, 325/4,22,32 и 362; Ристо Кирјазовски, Македонците и односите на КПЈ и КПГ (1945-1949). Официјални документи и ко
ментари. Скопје, 1995.
ЛИТ.: Наум Пејов, Прилози за односот на раководството на КПГ по македонското национално прашање, Скопје,
1953; Вангел Ајановски–Оче, Егејски бури. Револуционерното движење во Воденско и НОВ во Егејска Македонија,
Скопје, 1975. С. Мл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *