ПРВА МАКЕДОНСКО-КОСОВСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА УДАРНА БРИГАДА

ПРВА МАКЕДОНСКО-КОСОВСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА УДАРНА БРИГАДА (с. Сливово, Дебарца, 11. Ⅺ 1943 –
24. Ⅵ 1944) – воена единица на НОВ и ПОМ. Била формирана од над 700 борци од македонскиот НО баталјон „Мирче Ацев“, (Дебарско)-Кичевскиот НО баталјон, Првиот косовски НО баталјон „Рамиз Садику“, Вториот косовски НО баталјон „Борис Вукмировиќ“ и една придружна чета на ГШ на НОВ и ПОМ. Во својот состав имала Македонци, Срби, Црногорци, Албанци, Турци, Италијанци, а подоцна и Руси. Водела борби за заштита на слободната територија во Дебарца од германските сили и балистите, како и против бугарските сили во Крушевско, Ресенско и Охридско, по што, заедно со ГШ на НОВ и ПОМ и ЦК на КПМ, го презела маршот преку пл. Галичица (5/6. ⅩⅠⅠ) кон пл. Кожув до Мегленско во Егејскиот дел на Македонија. Патем им се придружил и НО баталјон „Стив Наумов“ (с. Герман,

Првата македонско-косовска народноослободителна ударна бригада на денот на формирањето
(с. Сливово, Дебарца, 11. Ⅺ 1943)
њето на Дебар и Кичево, во разо11. ⅩⅠⅠ). По пристигањето во Меглен (18. ⅩⅠⅠ), во Фуштани била формирана Втората македонска НОУБ, во која влегол и еден баталјон од Првата македонско-косовска НОУБ (20. ⅩⅠⅠ), па заедно со неа и со други воени единици на НОВ и ПОМ воделе успешни борби со германските и бугарските сили во Меглен и Мариово. Бригадата учествувала во Февруарскиот (Богомилски) поход (првата половина на февруари 1944), во кој поминала околу 300 км. Во
с. Долно Радово (Мегленско) Бригадата била поделена (12. Ⅳ) на Група македонски и Група косовски баталјони и била упатена кон Дебарца. Притоа со борбите со бугарските и германските сили во Охридско и Кичевско (29. Ⅳ –
6. В), Дебарца била повторно ослободена. Успешно дејствувала и во времето на Пролетната офанзива во Македонија (8. В – 4. Ⅵ 1944) во Дебарца, Струшка Малесија, долж комуникацијата Струга–Дебар, Мавровско и Гостиварско. Подоцна од Групата македонски баталјони била формирана Првата македонска НОУБ (8. Ⅵ 1944), а од Групата косовски баталјони била формирана Првата косовско-метохиска НО бригада (24. Ⅵ 1944). Бригадата е прогласена за ⅩⅤ пролетерска (2. Ⅺ 1951), одликувана со Орден народен херој, Орден на народното ослободување на Југославија и Ор-ден на братството и единството со златен венец.
ЛИТ.: Бригада на братството и единството, Првата македонско-косовска ударна, Скопје, 1958; Злате Билјановски, Чеде Филиповски-Даме, Четириесет години 1941–1945, кн. 7, Скопје, 1963, 741–743; Владо А. Ивановски, Од Дебарца до Рогашка Слатина. Борбениот пат на Првата македонско-косовска ударна бригада, Скопје, 1964; Петар Брајовиќ, Бого
милската епопеја. Маршот на Првата македонско-косовска ударна бригада, Скопје, 1985, 13–16; Македонија од устанка до слободе 1941–1945. (Зборник радова), Београд, 1987. С. Мл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *