ПРЕВЕНТИВНА ДИПЛОМАТИЈА ЗА РМ

ПРЕВЕНТИВНА ДИПЛОМАТИЈА ЗА РМ – активност на спречување појава на конфликти, превенирање на постојни спорови да не ескалираат во конфликти, а ако сепак дојде до конфликт, ограничување на неговото проширување, првпат дефинирана во „Агендата за мир“ на Гали и првпат успешно практикувана во РМ преку Мисијата за превентивно чување на мирот (УНПРЕДЕП/ УНПРОФОР, 1992–99).
ЛИТ.: Татјана Петрушевска, Присуството на ОН во РМ преку операција за чување на мирот – преседан во досегашната практика на Организацијата, Конституирање на РМ како модерна правна држава, Скопје, 1995. Т. Петр.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *