„ПРЕД ДОЖДОТ“

„ПРЕД ДОЖДОТ“ – игран филм работен според сценариото и во режија на Милчо Манчевски. Концепциски е структуриран како триптих, во кој темата на љубовта и одмаздата се преплетува со мотивот на меѓуетничките антагонизми. Секој од трите дела тематски се надоврзува на воведните односи на ликовите, поставувајќи ги во нова поетска перспектива. Од импресивната листа на триесетина награди и признанија добиени на најугледните филмски смотри на сите континенти, најзначаен е трофејот на венецијанскиот Златен лав за најдобар филм. Г. В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *