ПРЕЗИДИУМ НА АСНОМ

ПРЕЗИДИУМ НА АСНОМ (2.

Ⅷ 1944) – привремен извршен

орган што вршел функција на Влада на ДФ Македонија, по потреба и законодавен орган меѓу две заседанија на АСНОМ. Избран на Првото заседание на АСНОМ во следниов состав: Методија Андонов-Ченто, претседател, Панко Брашнаров, прв потпретседател, Емануел Чучков, втор потпретседател, Љубомир Арсов и д-р Владимир Полежиновски, секретари, Венко Марковски, Цветко Узуновски, Богоја Фотев, Михаило Апостолски, Страхил Гигов, Петар Пирузе, Кирил Петрушев, Јован Ѓоргов, Епаминонда Поп Андонов, Гена-дие Лешков, ќемал Аголи, Лазар Соколов, Вера Ацева, Хасан Камбер, Ацо Петровски, Младен Георгиев-Челопечки и Лилјана Ча
ловска – членови на Президиу
мот. На првата седница (6. Ⅷ 1944 во с. Рамно, Кумановско) Президиумот избрал осум повереници, кои ги раководеле одделните поверенства, во следниов состав: Панко Брашнаров, повереник за информации, Киро Петрушев, повереник за внатрешни работи, проф. Епаминонда Поп Андонов, повереник за просвета, инж. Лазар Соколов, повереник за народно стопанство и обнова, Богоја Фотев, повереник за финансии, Страхил Гигов, повереник за соопштенија (врски) и градежи, Ацо Петровски, повереник за социјална политика и Петар Пирузе, повереник за судство. Бројот на поверенствата, како и нивниот кадровски состав, повремено претрпува промени. Овластен да врши функција на Влада, до нејзиниот избор (16 април
1945), а истовремено да врши и за
конодавна функција во периодот

кога не заседава АСНОМ, Прези
диумот всушност имал доста широки овластувања во законодавната и во извршната сфера на власта. Извршната власт ја остварувал главно преку поверенствата, а законодавната како колективен орган. Неговите решенија, одлуките и другите активности ги одобрувал АСНОМ.
ЛИТ.: Евгени Димитров, Дејноста на Президиумот на АСНОМ и неговите поверенства во времето на нивното привремено седиште во селото Горно Врановци, За Велес и Велешко во НОВ 1943–1945, Титов Велес, 1977; Д-р Новица Велјановски, АСНОМ. Државотворни димензии, Скопје, 1994; Д-р Александар Христов,
Создавањето на македонската држава во југословенската федерација 1941–1945, т. 3 АВНОЈ – АСНОМ, Скопје. Н. В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *