ПРЕОБРАЖЕНИЕ

ПРЕОБРАЖЕНИЕ – еден од големите христијански православни празници, посветен на Преображение Господово (19/6 август). Кога Исус им кажувал на своите ученици дека ќе страда и ќе воскресне, тие не можеле да поверуваат Синот Божји да страда. Исус решил да им покаже како ќе изгледа тоа, за да не се разочараат и да не го напуштат учењето. Повел тројца апостоли – Петар, Јаков и Јован и ги одвел на планината Тавор. Таму започнал да се моли и одеднаш лицето почнало да му свети како сонце, а и облеката му станала бела како снег. Тогаш се појавиле и двајцата старозаветни пророци Мојсеј и Илија и разговарале со Исуса. Во спомен на овој настан Црквата го востановила овој празник. Според народното верување, тогаш првпат се бере гројзе и се носи в црква, каде што свештеникот по молитвата го благословува. Овој чин претставува и благодарност кон Господа за сите природни дарови на земјава. Поради заладувањето на времето, се верува дека тој ден се преобразува и природата, дека ноќта спроти празникот, точно на полноќ, се от-

Икона „Преображение“ (ⅩⅠⅩ в.)
ворало небото (како на Богојавление) и на сите што се будни во тој миг Бог им ги исполнувал желбите. Некои верувале дека тој миг и дрвјата се поклонувале со врвовите до земјата. М. Кит.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *