ПРЕСПАНСКО-ПЕЛАГОНИСКА ПРАВОСЛАВНА ЕПАРХИЈА на МПЦ

ПРЕСПАНСКО-ПЕЛАГОНИСКА ПРАВОСЛАВНА ЕПАРХИЈА на МПЦ (1958) – со седиште во Битола. При формирањето на Македонската православна црква била именувана Охридскобитолска епархија. За архијереј бил избран епископот Климент, кој раководел до 1977. Во 1974 г. епархијата била преименувана во Преспанско-битолска. Од 1977 г. епархијата ја администрирале викарните епископи Методиј, Ангелариј и Горазд, а од 1979 митрополитот Гаврил. Во 1981 г. на чело на Преспанско-битолската епархија бил поставен митрополитот Петар. Во 1994 г. епархијата била преименувана во Преспанско-пелагониска со четири намесништва: Битолско, Прилепско, Ресенско и Крушевско-демирхисарско.

Преспанското Езеро
Во епархијата има околу 300.000 верници, 600 цркви, манастири и капели, со 100 свештенослужители и 30 монаси и монахињи.
ЛИТ.: Ратомир Грозданоски, Стефан Архиепископ Охридски и Македонски, Скопје, 2000. Рат. Гр.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *