ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО НА СРМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО НА СРМ
– колективен шеф на државата. Овој орган е воведен со Уставот на СРМ од 1974 г., составен од осум члена, а во него влегоа: Ви-дое Смилевски, претседател, Страхил Гигов, Хиџет Рамадани, Наџи Салих, Љупчо Арсов, Владо Малески, Ксенте Богоев и Мара Минанова. Во периодот од 1974 до 1991 г. претседатели на Претседателството на СРМ беа: Видое Смилевски (1974–1979), Љупчо Арсов (1979–1982), Ангел Чемерски (1982–1983), Благоја Талески (1983–1984), Томе Буклевски (1984–1985), Ванчо Апостолски (1985–1986), Драгољуб Ставрев (1986–1988), Јездимир Богдански (1988–1990) и Владимир Митков (1990–1991).
ЛИТ.: Светомир шкариќ, Уставно право
на СФРЈ, Втора книга, Скопје, 1987; Македонија од АСНОМ до денес, Скопје, 2005. Св. ш.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *