ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РМ

ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РМ – инокосен шеф на државата и врховен командант на вооружените сили на РМ. Функцијата е воведена првпат со уставните амандмани од 1990 г., со надлежност на Собранието на РМ да го избира со двотретинско мнозинство гласови, на мандатен период од четири години. Уставот на РМ од 1991 г. предвидува избор на претседателот на РМ на општи и непосредни избори со тајно гласање во два круга и на мандатен период од пет години. За прв претседател на РМ е избран Киро Глигоров во Собранието на РМ (И 1991). Тој е избран повторно за претседател и на првите непосредни претседателски избори (1994), неколку месеци пред истекот на четиригодишниот мандат. За втор претседател на РМ е избран Борис Трајковски на претседателските избори одржани во 1999 г. За трет претседател на РМ е избран Бранко Црвенковски на предвремените претседателски избори, одржани во април 2004. За четврти претседател на РМ е избран Ѓорѓе Иванов во март – април 2009 г.
ЛИТ.: Светомир шкариќ, Уставно право, Скопје, 2006. Св. ш.

Критериуми за класификација на претпријатијата според големината (Закон за трговски друштва, 2004)
до 10 вработени микропретпријатија годишен обрт од 50.000 евра најмногу 10% од бруто-приходот да е остварен од еден клиент
до 50 вработени мали годишен обрт од 2.000.000 евра вредност на активата од 2.000.000 евра

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *