ПРИВАТИЗАЦИЈАТА ВО РМ

ПРИВАТИЗАЦИЈАТА ВО РМ
– процес на трансформација на претпријатијата со општествен и државен капитал во претпријатија со доминантен приватен капитал. Процесот започна уште во рамките на екс Југославија, со донесувањето на Законот за општествен капитал (1989). Со тој закон повеќе од 400 македонски претпријатија, преку моделот на
т.н. интерни акции, се трансформираа во претпријатија со мешовита сопственост, т.е. во акционерски друштва. Македонскиот Закон за трансформација на претпријатијата со општествен капитал беше донесен во јуни 1993 г., а во октомври 1993 г. беше формирана и Агенцијата на РМ за трансформација на претпријатијата со општествен капитал (институција за организирање, контрола и спроведување на приватизацијата). На претпријатијата што ја започнаа приватизацијата во времето на екс Југославија им беше признат соодветен процент на приватизација, по претходно извршена контрола (од страна на ЗЗП, а подоцна и од страна на УЈП). Македонскиот модел на приватизација се темелеше на комерцијалниот пристап
– случај по случај. Но, Законот предвидуваше и попусти за вработените и пензионерите со најмалку две години работен стаж во претпријатието. Основниот попуст беше одреден на 30% од номиналната вредност на акциите, односно уделите, зголемен за 1% за секоја полна година рабо
тен стаж во претпријатието.
до 250 вработени
Пред започнување на приватиза

средни годишен обрт од 10.000.000 евра
цијата се вршеше задолжителна

вредност на активата од 11.000.000 евра
проценка на вредноста на прет

големи сите што не спаѓаат во горната класификација
пријатијата (од страна на овлас
тени проценители). За малите претпријатија беа предвидени два модела на трансформација – откуп на претпријатието од страна на вработените и продажба на идеален дел на претпријатието. Средните и големите претпријатија се трансформираа според следниве модели: продажба на идеален дел од претпријатието, откуп на претпријатието, продажба на претпријатието на лица што го преземаат управувањето, издавање акции заради дополнително вложување и претворање на побарувањата на доверителите во траен влог. Приватизацијата де фацто започна 1994 г., а доби во интензитет во втората половина на 1990-те години. До крајот на 2003 г. бројот на вкупно приватизираните претпријатија достигна 1.687, со 231.618 вработени и со проценета вредност на капиталот од 2,32 мрд. евра. Анализата на приватизираните претпријатија, според бројот и особено според вредноста на капиталот, потврдува дека најголема дистрибуција е присутна во секторот индустрија. Потоа следат секторите: трговија, земјоделство, градежништво и финансии и услуги. Во рамките на употребените модели на приватизација преовладуваат два модела, откуп од вработените и продажба на претпријатието на лица што го преземаат управувањето. Од овој аспект македонската приватизација се означува како инсајдерска (доминантни сопственици станаа вработените и постојните менаџерски структури), што се смета и за основна слабост на моделот. Денес, приватизацијата во Македонија е речиси завршена, а Агенцијата за приватизација е укината. Учеството на приватниот сектор во формирањето на бруто домашниот производ за 2006 г. надмина 65%.

Изв. Бил. на МФ бр. 7-8/2004, стр. 62.
ИЗВ.: Закон за трансформација на претпријатијата со општествен капитал,
1993; Министерство за финансии на Република Македонија, „Билтен“, 7-8/2004.
ЛИТ.: Агенција на Република Македонија за трансформација на претпријатијата со општествен капитал, Прирачник за примена на Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капи
тал, Скопје, март 1994; Извештаи за приватизацијата во Република Македонија на Агенцијата за трансформација на претпријатијата со општествен капитал за одделни години. Т. Ф.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *