ПРИВАТИЗАЦИЈАТА НА ОПШТЕСТВЕНИОТ КАПИТАЛ ВО РМ

ПРИВАТИЗАЦИЈАТА НА ОПШТЕСТВЕНИОТ КАПИТАЛ ВО РМ – претворање на општествената во приватна сопственост. Приватизацијата на општествениот капитал започна 1990–1991 г., со трансформацијата на 240 претпријатија со општествен во приватен капитал (акционерски капитал). Оваа трансформација е изведена врз основа на Законот за општествениот капитал од 1989 г. донесен од Собранието на СФРЈ. Наведените претпријатија беа трансформирани преку интерни акции, поделени на работниците и на менаџерските тимови (инсајдери). Македонската стратегија за приватизација беше утврдена во Законот за трансформација на општествениот капитал од јуни 1993 г. Со овој закон, Македонија се определи за платена приватизација според методот „случај по случај“. Малите претпријатија се приватизирани со откуп на најмалку 51% од проценетата вредност на претпријатието од страна на вработените (30% попуст, плус 1% за секоја година работен стаж) или со продажба на дел од претпријатието во форма на акции или удели на надворешни субјекти. Средните и големите претпријатија го применија истиот модел, плус методот на приватизација од страна на менаџерските тимови (менагмент бѕ оут). До крајот на 1996 г., приватизирани се 914 претпријатија, од вкупно
1.307. Приватизираниот капитал изнесуваше 743.352.807 германски марки, од вкупно проценетиот општествен капитал од 1.922.269.082 германски марки. Агенцијата за приватизација успеа да наплати само 167 милиони германски марки од кои 20 милиони во готово, а другите со заробени девизи и обврзници. Во мај 1997 г. приватизираните претпријатија ја надминаа бројката од 1.000 претпријатија. Финансискиот ефект од приватизацијата до почетокот на 1996 г. изнесуваше околу 60.900.000 германски марки, што претставува само 6.5% од проценетата вредност на приватизираните претпријатија. Ефектите се уште послаби ако се има предвид фактот дека во готово се наплатени само
19.299.000 германски марки. Состојбата се подобри во текот на 1996 г. бидејќи вкупниот финансиски ефект од приватизацијата изнесуваше 106.600.000 германски марки. Меѓутоа, готовите пари од приватизацијата изнесуваа само 2.440.000 германски марки. Во април 1999 г. Собранието на РМ донесе Закон за изменување и дополнување на Законот за трансформација на претпријатијата со општествена сопственост. Владата на РМ доби право да го определува стратешкиот инвеститор за продажба на големите претпријатија врз основа на непосредна спогодба, односно без увид на пошироката јавност. Таа доби и задача да ја преиспита законитоста на спроведената приватизација во периодот од 29. Ⅵ 1993 до 29. Ⅳ 1999 г.
ИЗВ.: Закон за трансформација на оп
штествениот капитал, 1993 и 1999. ЛИТ.: Трајко Славевски, Приватизација, пазар, држава, Скопје, 1997; Светомир шкариќ, Македонија на сите континен
ти, Скопје, 2000. Св. ш.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *