ПРИВРЕМЕНА ВЛАДА НА ДФ ЈУГОСЛАВИЈА

ПРИВРЕМЕНА ВЛАДА НА ДФ ЈУГОСЛАВИЈА – прва влада на ослободена Југославија, формирана на 7. Ⅲ 1945 г. од мандатарот Јосип Броз Тито. Во нејзиниот состав не влегле претставници од ДФ Македонија, туку само членови на распуштениот НКОЈ и претставници на Владата на Кралството Југославија, членови на граѓански политички партии што во војната не соработувале со окупаторот. Се сметало дека тие ќе ги застапуваат и интересите на ДФ Македонија.
ЛИТ.: Д-р Новица Велјановски, Државноправниот развој на Македонија 1945-1953. Административно-централистичкиот период во државноправниот развој на Македонија, ИНИ, Скопје, 1992, 1-320. Н. В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *