ПРИВРЕМЕНА ВЛАДА НА МАКЕДОНИЈА „ЕДИНСТВО“

ПРИВРЕМЕНА ВЛАДА НА МАКЕДОНИЈА „ЕДИНСТВО“
(1880–1881) – прва Привремена влада на Македонија, формирана по задушувањето на Кресненското македонско востание, избрана од Народното собрание на Македонија на заседанието во ГременТеќе (Островско, Егејскиот дел на Македонија, 21. В– 2. Ⅵ 1880), во која се претставени народностите што тогаш живееле во земјата. Во писмото бр. 3 на Владата до рускиот конзул во Солун (21. Ⅴ 1880), потпишано од претседате-

Писмо на Привремената влада на Македонија до рускиот конзул во Солун (1880)
лот Васил Симон и членовите Анастас Димитрович и Али Ефенди, се изразува надеж „дека руската влада ќе ги помогне праведните барања на македонскиот народ и ќе помогне да се здобие со правдини слични на другите балкански народи“. Во приложеното Протоколарно решение, потпишано од претседателот на ПВМ Васил Симон, од секретарот Никола Трајков и од главниот командант на воените сили на Македонија Крамонтов, во кое Русија се информира дека Собранието на македонските претставници еднодушно решило:
„1. Да $ се даде на знаење најнапред на Високата порта, преку

Почетокот од Апелот на Привремената влада на Македонија (1880)
главниот управник (валијата) на Македонија, праведните барања на македонскиот народ да се исполнат со брзо применување на чл. 23 од Берлинскиот договор.
2. Ова решение да им биде врачено на конзулските претставници на големите сили-потписнички на Берлинскиот договор со молба големите сили да се застапат пред Високата порта за применување на чл. 23 од Берлинскиот договор. Во случај Високата порта да не стори ништо, Привремената влада на Македонија ќе го повика македонскиот народ на оружје со паролата: Македонија за Македонците, за воспоставување на древна Македонија.“

Протоколното решение на Привремената влада на Македонија со потписите и печатите (1880)
Во Манифестот на Привремената влада на Македонија од 23 март 1881 г. се повикува македонскиот народ да направи с¢ за на кренатото знаме „да биде напишано: единствена и обединета Македонија!“ Последниот познат документ на ПВМ е од 12 јуни 1881 г.
ЛИТ.: С. Димевски, Привремената влада на Македонија, „Разгледи“, ⅩⅤ и ⅩⅤⅠ, 1-2, 1873; Христо Андоновски, Привремената влада на Македонија 9 мај–јуни 1880), зб.: Македонија во Источната криза, Скопје, 1878, 369-382; Славко Димевски, Владо Поповски, Светомир шкариќ и Михајло Апостолски, Македонската лига и Уставот за државното уредување на Македонија од 1880, Скопје, 1985. Бл. Р.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *