ПРИВРЕМЕНА ДЕМОКРАТСКА ВЛАДА НА ГРЦИЈА

ПРИВРЕМЕНА ДЕМОКРАТСКА ВЛАДА НА ГРЦИЈА (23. ⅩⅠⅠ 1947 – 15. Ⅹ 1949) – формирана од КПГ во текот на Граѓанската војна во Грција со цел да воспостави народно-демократска власт. Владата презела и законодавна функција со донесување закони: Закон за народните одбори, Закон за аграрната реформа, прописи за школството и други акти што го посведочувале проектираното внатрешно политичко уредување на Грција. На 3. Ⅳ 1949 г. Привремената влада била реорганизирана. Во новата коалициона Влада влегле македонскиот НОФ од Егејскиот дел на Македонија, Земјоделската партија на Грција и други организа
ции. Владата имала и посебна Дирекција за националните малцинства, за разрешување на проблемите и остварување на правата на малцинствата. По поразот во Граѓанската војна Владата се самораспуштила.
ЛИТ.: Н. Пејов, Македонците и Граѓан
ската војна во Грција, Скопје, 1968; Л. Пановска, Граѓанската војна во Грција и Македонците 1946–1949, Крајот на една илузија, Скопје, 2003. Ст. Кис.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *