ПРИВРЕМЕНО НАРОДНО СОБРАНИЕ НА ДФ ЈУГОСЛАВИЈА

ПРИВРЕМЕНО НАРОДНО СОБРАНИЕ НА ДФ ЈУГОСЛАВИЈА – на 10. Ⅷ 1945 г. АВНОЈ се трансформира во Привремено народно собрание. ПНС станува највисок привремен законодавен орган на власта конституиран со задача да ги донесе законодавните акти за избори за Уставотворно собрание на Југославија. Негови членови од Македонија се 40 членови на АВНОЈ и 7 членови на Президиумот на ПНС, делегирани од АСНОМ. Било распуштено со указ на Претседателството на ПНС од 26. Х.1945 г. кога биле распишани избори за Уставотворно собрание.
ЛИТ.: Д-р Новица Велјановски, Државноправниот развој на Македонија 1945-1953. Административно-централистичкиот период во државноправниот развој на Македонија, Скопје, 1992, 1–320. Н. В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *