ПРИВРЕМЕНО ПРЕТСТАВНИШТВО НА ДЕМОКРАТСКА МАКЕДОНИЈА

ПРИВРЕМЕНО ПРЕТСТАВНИШТВО НА ДЕМОКРАТСКА МАКЕДОНИЈА (Софија, почетокот на октомври 1944 – 1945). Било конституирано кога Бугарската влада на Отечествениот фронт дала согласност да продолжи работата на делегатот на Главниот штаб на НОВ и на ПО Кирил Миљовски, да се отвори Привремено претставништво на Демократска Македонија во Софија. Президиумот одржувал редовни непосредни односи со државното и со партиското раководство на ОФ Бугарија (1944 и првите месеци на 1945). Односите имале карактер на билатерални меѓудржавни односи (до средината на април 1945).
ЛИТ.: Михајло Миноски, Авнојска Југославија и македонското национално прашање, Скопје, 2000. М. Мин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *