ПРИЗРЕНСКА ДЕКЛАРАЦИЈА

ПРИЗРЕНСКА ДЕКЛАРАЦИЈА (Призрен, Косово, 22.Ⅴ 2001)– документ составен од страна на специјалниот претставник на ОБСЕ Роберт Фровик за војната во РМ од 2001 г., потпишан во седиштето на ОНА, надвор од РМ, од страна на врховниот командант на ОНА Али Ахмети и претседателите на ПДП Имер Имери и на ДПА Арбен Џафери. Документот е фундиран врз принципите врз кои подоцна е заснован Рамковниот договор: територијален интегритет на РМ без територијално-етнички решенија; мултиетничка држава; отфрлање на силата како начин на решавање на меѓуетничките проблеми; с¢ заедно како претпоставка на интеграцијата на РМ во НАТО и во ЕУ, со САД и ЕУ како олеснувачи во преговарачкиот процес. Веднаш по дознавањето за неа, Декларацијата е осудена во сите медиуми на македонски јазик во РМ, претседателот Борис Трајковски ја оценува како неприфатлива, а премиерот Љупчо Георгиевски како објавување војна.
ИЗВ.: Призренска декларација, 22.Ⅴ 2001.
Т. Петр.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *