ПРИЛЕПЧАНСКИ, Александар

ПРИЛЕПЧАНСКИ, Александар
(Штип, 9. Ⅺ 1939) – архитект, редовен професор на Архитектонскиот факултет во Скопје. Дипломирал на Архитектонско-градежниот факултет во Скопје (1965). Го предава предметот проектирање на станбени и угостителски објекти. Во проектантската дејност повеќе внимание посветил на станбената архитектура. Проектира и реализира повеќе станбени згради во Скопје, во Кавадарци и во Кочани, како и повеќе индивидуални семејни и викенд куќи. Учествувал на архитектонски анонимни конкурси. Позначајни реализации: станбен комплекс „Влаот“ во Кочани (1983); станбен блок во населбата Аеродром во Скопје (1992, и двата објекти со арх. Љ. Филиповски). Кр. Т.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *