ПРИЛЕПЧАНСКИ, Иван Андонов

ПРИЛЕПЧАНСКИ, Иван Андонов (Штип, 31. ⅩⅠⅠ 1905 – Скопје, 8. Ⅳ 1985) – микробиолог. Медицина завршил во Грац (1935), а работел во Прилеп (до 1940) и Штип, од каде што им се приклучил на партизаните. Од 1945 г. бил во Штип; бил назначен за пом. министер за здравство на НРМ. Од 1948 до 1951 г. бил директор на ДНЗ во Скопје. Специјализирал бактериологија и до пензионирањето (1968) работел во Заводот за здравствена заштита. П. Б.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *