ПРОВАЛИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ОРГАНИЗАЦИЈА

ПРОВАЛИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ОРГАНИЗАЦИЈА (1896–1903). Првата провала на Тајната македонска револуционерна организација се случила во Битола (април 1896), кога било откриено пренесувањето бомби и експлозиви со апсењето на Доне Стојанов Тошев. Виничката провала (1897) се случила кога властите откриле оружје (пушки и бомби) и постоење разгранета мрежа на тајната организација. Масовни апсења биле извршени во Виница со околните села, како и во: Штип, Свети Николе, Злетово, Кратово, Крива Паланка, Царево Село, Пехчево, Радовиш, Кавадарци и Скопје. Биле апсени учители, свештеници, селани, повеќе од 1000 лица. Валандовската провала (1899) се проширила во Дојранската, во Ениџевардарската и во Гевгелиската околија. Битолската провала (1900) се случила по ликвидирањето на егзархиски свештеник што извршил предавство. Со најтешки последици била Солунската провала (јануари 1901) кога биле уапсени членовите на ЦК Пере Тошев, Христо Татарчев, Христо Матов и др. Биле уапсени 188 лица, осудени 101, од кои 9 на смрт. До 1903 г. имало и други провали.
ЛИТ.: Александар Апостолов, Виничката афера, Виница, 1997; Димитар Диме-ски, Аферите во Битолскиот вилает 1895–1903, Скопје, 1993. М. Мин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *