ПРОЕВА, Наде Анастасова

ПРОЕВА, Наде Анастасова (Ресен,
9. Ⅸ 1949) – историчар, унив. професор. По завршувањето на Групата археологија на Флозофскиот факултет во Белград (1973), каде што и магистрирала (1978) и ја одбранила докторската дисертација од историјата на античка Македонија (1992). Заради продлабочување на студиите по митологија, епиграфика и нумизматика била на студиски престој на Сорбона–Париз И (1979–1981). Работела како кустос во Народниот музеј во Прилеп (1973–1975), а потоа (од 1984) предава Историја на античките Македонци и Историја на стариот век (староисточни народи, антички Грци и Римјани) во Институтот за историја на Флозофскиот факултет во Скопје. Учествувала во ископувањата на антички и средновековни локалитети (во Македонија, Србија, Полска и Грција), како и во проекти на Археолошкиот институт во Белград, на Берлинската академија на науките, на САНУ и на МАНУ. Настапувала на меѓународни научни собири во Франција, Канада, Србија, Бугарија, Хрватска, Словенија и Холандија, а имала студиски престои во Полска (1977), во Француската археолошка школа во Грција (повеќепати до 1992), во Францускиот институт во Истанбул (1993), во Австриската академија на науките (1998) и на универзитетите во Нанси, Нантер – Париз Х и др. Уредник и подготвувач е на едициите Мисцелланеа бѕзантино-мацедоница и Хисториа антиљуе мацедоница и певедувач и издавач на антички автори. Објавила поголем број прилози во домашни и странски списанија и зборници. Носител е на орденот на Владата на Франција Цхавалиер де палмес ацадемиљуес (1997).
БИБЛ.: Студии за античките Македонци, Скопје, 1997; Историја на Аргеадите, Скопје, 2004. Бл. Р.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *