ПРОЕСКИ, Тодор

ПРОЕСКИ, Тодор (Тоше) (Прилеп, 25. И 1981 – кај Нова Градишка, Хрватска, 16. Ⅹ 2007) – вокален интерпретатор. Макфест ‘97 и песната „Пушти ме“ најавија дека на македонската сцена се појави вокал со извонреден потенцијал. Веќе во наредните години тоа го потврдија настапите на другите македонски фестивали (Скопски фестивал ‘98 – „Остани до крај“ и др.). По настапот на фестивалот Славјански базар со песната „Тајно моја“, П. стана познат и за меѓународната јавност, а учеството на изборот за Песна на Евровизијата (2004, Истанбул) беше дефинитивна потврда дека тој е пејач од светски ранг. Соработува со повеќе македонски автори (Г. Копров, К. Костов, К. Габровски,
Х. Котларовски), а третиот албум „Ако ме погледнеш в очи“ го сними во соработка со грчкиот композитор Фебус (Пхоебус), со продуцентот Влахос (Влахос) и текстописецот од Србија М. Туцаковиќ. Издал повеќе албуми во Македонија и во странство. Оствари соработка со менаџерски и издавачки куќи од Англија. М. Кол.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *