ПРОКОПЕНКО, Вјекослав

ПРОКОПЕНКО, Вјекослав (Виница, 21. Ⅷ 1950) – новинар. Како стипендист на Радио Скопје од Факултетот за политички науки во Белград дојде во Радиото (1974), каде што работи во Внатрешнополитичката редакција. Ангажиран речиси во сите новинарски жанрови. На чело на Радио Скопје како директор е избран во 1986 г., а функцијата ја врши до 1990. Оттогаш е во Редакцијата што ја води дописната мрежа на Радиото. Ј. Ф.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *