ПРОКОПИЕВ, Александар

ПРОКОПИЕВ, Александар (Скопје, 24. Ⅱ 1953) – раскажувач, есеист, научен работник. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Белград. Работи во Институтот за македонска литература. Голем аниматор на културни акции и проекти. Во неговата проза посебно место заземаат сликите од

Александар
Прокопиев

еден „близок и магичен простор, длабоко всаден во меморијата на авторот“.
БИБЛ.: Младиот мајстор на Играта, 1983; …или…, 1987; Пловидба на југ, 1988; Слово за змијата, 1992; Арс аматориа, избор на раскази на српски, 1997; Дали Калимах беше постмодернист, есеи, 1994; Пос
тмодерен Вавилон, есеи, 2000; Човекот со четири часовници, есеи, 2003 и др.
ЛИТ.: Раде Силјан: Забранета одаја, 2004. П. Гил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *