„ПРОСВЕТЕН РАБОТНИК“

„ПРОСВЕТЕН РАБОТНИК“ – весник на просветните работници на Македонија. Првиот број се појави на 10 март 1953 г., како орган на Здружението на просветните работници на НРМ. Од 1963 до 1986 г. издавач е Републичкиот одбор на Синдикатот на работниците од општествените дејности. Основна тенденција на весникот е да информира и да тематизира актуелни прашања од животот и работата на училиштата, да објавува статии и други прилози од воспитно-образовната практика и дидактичко-методичката проблематика, како и трудови од истакнати просветни и научни работници на актуелни просветни и педагошки прашања. Главни и одговорни уредници: Сарџо Исоски (1953– 1967), Ѓорѓи Каланоски (1967– 1973), Мишо Китаноски (1973– 1983), Бојко Киранџиски (1984– 1987), Марионка Велева (од 1988). Излегува еднаш месечно, во Скопје (освен во јули и во август), во тираж од 4.000 примероци.
К. Камб.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *