„ПРОСВЕТНО ДЕЛО“

„ПРОСВЕТНО ДЕЛО“ – списание за педагошки прашања. Излегува од 1945 г., во почетокот како орган на Министерството за просвета, во форма на весник, а од 1951 до 1999 г. – орган на (в.) Педагош
кото друштво на Македонија, односно на Сојузот на педагошките друштва на Македонија, во вид на списание. Од јануари 2000 г. како издавач се јавува Здружението на предучилишните, училишните и домските педагози и претпријатието „Просветно дело“. Излегува пет пати годишно. Го уредува редакција со главен и одговорен уредник. Прв главен и одговорен уредник бил Блаже Конески (1945–1948). Други уредници: Ристо Елимов, Мане Маневски, Теохар Караџа, Ристо Кантарџиев, Анатоли Дамјановски, Љупчо Копровски и Никола Петров (од 1990). Списанието третира прашања од областа на теоријата и практиката на воспитанието и образованието. Ги содржи рубриките: педагогија, дидактика и методика, историја на школството, предучилишно воспитание, образование на возрасните, наставна практика, прикази, информации, библиографија. К. Камб.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *