ПРОСТОРНИ ПЛАНОВИ НА НАЦИОНАЛНИТЕ ПАРКОВИ

ПРОСТОРНИ ПЛАНОВИ НА НАЦИОНАЛНИТЕ ПАРКОВИ
– документи со кои се остварува интегрална заштита на природата преку заштита на природното наследство и на биолошката и пределската разновидност. Со просторните планови се утврдуваат зоните во националните паркови, се насочува развојот, особено на туризмот, начинот на користењето на земјиштето и мерките за заштита на природното наследство. Просторните планови на националните паркови „Пелистер“, „Галичица“ и „Маврово“ се донесени од Собранието на РМ (1988). Со Законот за природата (2004) просторните планови за националните паркови се проследени со планови за управување. С. Х. П.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *