ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ ВО РМ

ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ ВО РМ – дејност (активност) со која се координираат различните секторски политики и нивното влијание врз територијата. Целите на просторното планирање се однесуваат на зајакнувањето на интегративните процеси на секторите во просторот и на создавањето кохерентна стратегија за обезбедување долгорочен, сеопфатен и урамнотежен просторен и регионален развој. Во РМ просторното планирање е дејност утврдена со Законот за просторно и урбанистичко планирање. За територијата на државата е подготвен просторен план (Просторен план на РМ, 1988, 2004), а од 1970
г. се подготвуваат планови за оп
штините и регионите. Просторното планирање претставува дефинирано уредување на односите помеѓу општеството, производството и животната средина за да се постигне органската усогласеност во полза на благосостојбата на населението. Просторното планирање како процес продуцира просторен план на РМ како највисок, долгорочен и интегрален документ со трајни вредности што претставува стратегија за одржлив просторен развој на државата, регионите, општините. Како еден од движечките општествени императиви, смислата на просторното планирање е, преку процесот на планирање, да се разрешат противречностите од различна природа и со тоа просторот да се прилагоди кон социјалните, техничките, економските и културните услови. Клучните приоритети на Просторниот план на РМ се повеќе и опфаќаат: спроведување на секторски политики низ планерски документи во функција на интензивен економски развој и унапредување на животната средина по принцип на одржливост; артикулација на развојните програми на национално и локално ниво; подготвување на законската регулатива што се однесува за просторот; спроведување на документите што се однесуваат за регионалното планирање на просторот и регионалниот развој. Целите на ваквиот однос кон просторното планирање ја дефинираат основната стратешка определба утврдена како постигнување повисок степен на вкупната функционална интегрираност на просторот на државата и обезбедување услови за поголема инфраструктурна и економска интеграција со соседните и со другите европски земји. Една од основните цели е повисокиот степен на интегрираност на просторот, намалување на регионалните диспропорции и внесување квалитативни промени во просторната, економската и социјалната структура, особено во подрачја со изразени дисфункции на социјален и економски развој. С. Х. П. и К. Гр.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *