ПСАЛТИР НА ДИМИТАР

ПСАЛТИР НА ДИМИТАР (ОЛТАРНИК) – глаголички псалтир, ⅩⅠⅠ в. (Тарнанидис) или Ⅺ в. (Велчева), 145 л. Откриен во 1975 г. во ман. „Св. Катарина“ на Синај, каде што се чува под сигн. Слав. МС 3/Н. Атрибутот Олтарник го реконструира Тарнанидис од почетното ОЛ…. во записот на писецот, но постои и аргументирано мислење дека тој треба да гласи Олимпски (Ткадлчíк, „Славиа“ 58, 1989, 165-180). Текстот и јазикот се архаични, правописот едноеров (со големиот ер), четиријусов. Во кодексот постојат интересни записи: абецедариј, апокрифни молитви и најстар словенски лекарственик напишан со глаголица на три додадени листови. Засега ракописот е познат само по податоците и снимката во описот на Тарнанидис.
ЛИТ.: И. Тарнанидис, Тхе Славониц Манусцриптс дисцоверед ин 1975 ат Ст Цатхерине’с Монастерѕ он Моунт Синаи, Тхессалоники, 1988, 91–100 (опис), 192 (снимка). За датирањето в. Б. Велчева, „Палаеобулгарица“, 12, 1988, 3, 126–129. Зд. Р.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *