ПУЛЕВСКИ, Ѓорѓија М

ПУЛЕВСКИ, Ѓорѓија М. (Галичник, 1822/23 – Софија, 13. Ⅱ 1893) – печалбар-ѕидар, комита, доброволец во Српско-турската и војвода во Руско-турската војна, востаник и војвода во Кресненското македонско востание, но амбициозен автодидакт – учебникар, лексикограф, граматичар, историчар, поет и собирач и објавувач на народното творештво и преродбенски идеолог на македонското национално будење и револуционерно ослободително движење.
Во комитското движење во Македонија навлегува по 1847 г., а по печалбата во Романија, доаѓа во Белград и како „прв наредник на понтонерска чета“, заедно со четата на Иљо Малешевски, зема учество во борбите со турскиот гарнизон (1862–1863). Собира лексички и други материјали по Северозападна Македонија и го објавува во Белград првиот шмакедонско-ќсрпско-албанско-турско-грчки речник (1873), а по две години и вториот речник од три

Ѓеорѓија Пулевски: ракописот на Славјанско-маќедонска општа историја (1892)
јазика (словеномакедонско-албанско-турски), каде што првпат ја изложува македонската национална идеологија, декларирајќи дека „и Македонциве се народ и местото нивно е Македонија“, дека „Нашето отечество се велит Македонија и мие се именуваме с.шлавјано-ќМакедонци“ и дека „македонскиот јазик е најсроден со црковнославјанските книги и тој је старославјански“. Во тоа време ја предлага за објавување (1875) и првата верзија на граматиката („Речница“).
По учеството во Српско-турската (1876) и во Руско-турската војна (1877–1878), со својата чета како авангарда на руските војски стигнува до Пијанечко во Источна Македонија. За учеството и храброста добива орден „Св. Ѓорѓи“ и светлобронзов медал, како и сабја од рускиот император и е назначен за управник на Тројан и потоа на ослободениот ќустендил. По Берлинскиот конгрес (1878), кога само Македонија $ е вратена на Турција и беше предизвикано Кресненското македонско востание (1878–1879), тој се вклучува како војвода и член на Воениот совет и останува последен на борбените позиции (25. Ⅴ 1879).
Незадоволен од резултатите на ослободителното движење, се

Слогница речовска (1880)
стационира во Софија (со сопругата и двете деца, како и со децата од убиената сестра), и се оддава на собирачка и творечка дејност. Сепаратно ја објавува првата револуционерна поема на македонски јазик Самовила Македонска (1878) и првата дводелна стихозбирка на македонски (со свои и народни песни) „Македонска песнарка“ (1879). По една година е напечатен и првиот дел од учебникот „Слогница речовска“ (1880) што претставува прва печатена граматика на македонскиот јазик. Долго работи врз подготовката на ракописот „Јазичница“, а ја завршува и обемната „Славјанско-маќедонска општа историја“ (1892) што претставува прва историја на македонскиот народ од Македонец и најобемно дело на македонски јазик до Ослободувањето. Приврзаник на идеологијата дека и античките Македонци биле Словени, особено внимание посветува на историјата на македонската династија и посебно на Филип Ⅱ и на Александар Ⅲ, создавајќи ја и првата македонска верзија на „Александридата“. Не се пронајдени неговите најавени ракописи: Родословница, Речница, Народна песнословница, Смисленица и Обичаи и песни југословенски.
Како претходник и современик на „лозарите“, ја организира првата позната книжевна асоцијација
Словенскомакедонската книжевна дружина (Софија, 1888) што имала цел „да ја прероди народната македонска литература“.
Со своето учебникарско, лексикографско, филолошко, литературно и историографско национално дело и со учеството во војните и во востаничко-револуционерното движење П. стана меѓник меѓу две епохи од македонската историја: ги набележа националните задачи врз основа на културно-историското наследство, ги истакна потребите на својата современост и очекувањата за иднината на Македонија.
БИБЛ.: РечникÍ отÍ четири језика. И. Српско-Албански. Ⅱ. Арбански-Арнаутски. Ⅲ. Турски. Ⅳ. Грчки. Скројена и написана отÍ –орÑа М. Пул‹вски, архитекта у ГаличникÍ Окружије дибранско 1872. го-дине. И-ва частÏ. Београд, штампария Н. Стефанови¢а и Дружине. 1873, с. 98 + И–Џ;
Речник од три језика с.македонски арбански и турски. Књига Ⅱ. Написао –орÑе М. Пуљевски… Мијак гаљички. У Београд у Државној штампарији 1875, с. 162 + И–шЏќ; Самовила Македонска. ОтÍ ГÝ. М. П. Народна печатница на Б. ПрошекÍ вÍ София, с.а., с. 4; Макåдонска пåснарка отÍ ГеоргÏа ПулÏåвски, Б. В. М. Софˆа. 1879, с. 16; Македонска песнарка. ОтÍ ГÏоргÏа ПулÏевски, Б. В. Б. И. М., Ⅱ, София, 1879,
с. 16; Славянско-населÏенски-македонска слогница речовска за исправуванÏе правословки-язическо писание. Ⅲ-та книга. НаписалÝ Ó ГÝ. М. ПулÝевски. Основана на
Ⅲ-то оделÝение училÝиштко, а напечатана потÍ настоятелÝствомÍ Г. Угрина ЏиковÍ тÍрг. ГалÝички отÍ Албания, 1880 година вÍ г. София. ПÍрви делÍ. София, с. 36;
œзичница содржаÓÈа старобÍлгарски (македонски) язик, суредена ем исправена за да се учат бугарски и македонски синове и кÝерки. Написата от Георгија М. Пул-Ïевски – препис од „исчезнат“ ракопис (Централен дÍржавен архив, София, ф.
771. оп. 1, арх. ед. 330); Славјанско-маќедонска општа историја. Подготовка: Блаже Ристовски – Билјана Ристовска-Јосифовска, МАНУ, Скопје, 2003, с. И–ЏЛ + 1060 ш+ факсимили 1–9ќ; Македонска Александрида. Извадок од „Славјанско-маќедонската општа историја“ од Ѓорѓија М. Пулевски. Подготовка и транслитерација Блаже Ристовски и Билјана Ристовска-Јосифовска, ИНИ, Скопје, 2005, с. 241.
ЛИТ.: Блаже Конески, Македонските учебници од 19 век – Еден прилог кон историјата на македонската преродба,
Скопје, 1949, 87–96; Д-р Блаже Ристовски,
Портрети и процеси од македонската литературна и национална историја, И, Скопје, 1989, 235–327. Б. Р-Ј.–Бл. Р.

Тоде и Булка Пулијанови, фреска во црквата „Св. Спас“
во Лескоец, Охридско (1426 )

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *