ПУЛИЈАН, Тоде

ПУЛИЈАН, Тоде – еден од поистакнатите меѓу повеќето „мали и големи“ ктитори на црквата „Св. Спас“ во с. Лескоец (Охридско). Неговиот портрет и портретот на неговата сопруга Вулка се насликани во 1461/62 г. на јужниот ѕид на црквата. Ктиторот Тоде е претставен како молитвено се обраќа кон св. Никола и кон св. Климент Охридски, а неговата сопруга е претставена со раце прекрстени на градите, како знак дека во тој период веќе била почината.
ЛИТ.: Г. Суботи¢, Два споменика зидног сликарства ⅩⅤ века. Ктитори и време настанка, Зборник Светозара Радојчи¢а, Београд, 1969; З. Расолкоска-Николовска,
Ктиторскиот портрет во ѕидното сликарство во Македонија, Цивилизации на почвата на Македонија, 2, МАНУ, Скопје, 1995. З. Р.-Н.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *